Македонија
23. February 2016 - 14:29

Изгубил контрола над возилото и удрил во метален столб

На магистралниот пат Велес-Штип се случила страшна сообраќајка вчера во 11 часот и 40 минути. До несреќата дошло кога 53-годишниот И.Р. од штипско, возејќи се со Форд Фокус изгубил контрола и удрил во метален столб.

Тој со потрес на мозокот бил веднаш пренесен во болница во Штип каде е задржан на болничко лекување.