-->
-->
Изгубил контрола и излетал од патот - повреден малолетник во сообраќајка во Скопје
-->
На улица „Александар Урдаревски“ во Скопје, вчера во 18:30 часот скопјанецот Л.А.(20) управувајќи патничко возило „Форд Галакси“ со германска национална ознака, изгубил контрола над возилото, излетал надвор од коловозот и се превртел. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. По укажаната помош тој бил задржан на понатамошно лекување. Увид извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
Кои производи ќе бидат дел од просечната потрошувачка кошничка?
-
Вистинските пчелари во акција против фалсификаторите на мед
-
Охридското езеро во еколошка криза
-
Преглед на вестите од светот
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani