Изграден конак крај манастирот „Свети Спас” во Чемерско
Заврши изградбата на конак во дворот на манастирот „Свети Спас” во поткожувското кавадречко село Чемерско.
- Станува збор за објект на приземје и кат, кој сега е во фаза на опремување. Кујната и трпезаријата се веќе комплетирани со опрема. Сето тоа го изградивме главно со сопствени средства и нешто донација, па морам да нагласам дека се ретки селата кои успеваат со лични пари да постигнат нешто такво, информираше денеска Трајко Тасев, претседател на месната заедница.
Тој нагласи дека престојот во конакот ќе биде бесплатен.
- Сите посетители кои ќе дојдат, во кујната и трпезаријата ќе можат да си подготват храна. На заминување, можат само доколку милуваат, доброволно да остават некој денар за манастирот, истакна Тасев.
Претседателот на месната заедница Чемерско најави и уште една инвестиција која ќе реализира заедно со Здружението на пензионери од Кавадарци, кое всушност ќе инвестира. Во дворот на некогашното училиште во кое се школувале чемерци, ќе се гради одоморалиште со 8 апартмани за пензионери.
- Сето тоа за да ги почувствуваат благодетите на природата во нашето прекрасно село под планината Кожуф, кое навистина има прекрасни убавини кои може да им ги понуди на посетителите, додаде Тасев.
Ново на Сител
-
Децата ја наследуваат интелигенцијата од мајката, според новите истражувања
-
Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус
-
Гвардиола: Ни требаат нови луѓе
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?