Изградбата на експресниот пат Велес - Штип при крај
Изградбата на експресниот пат од Велес до Штип во должина од 26 километри е при крај. Асфалтирањето се очекува да заврши за неколку дена, а се планираат и два железнички премини за кои ќе бидат набавени и сигнални уреди и нови рампи.
Патот се градеше во три фази, од кои двете се веќе завршени, а најголем дел од работите на третата фаза од патот, која е во должина од 10 километри, се завршени. Станува збор за инвестиција од околу 15 милиони евра, средства обезбедени преку Европската банка за обнова и развој, а со пуштањето во употреба на овој експресен пат се очекува да се олесни сообраќајот на оваа делница која што е многу фреквентна.
Увид во градежните активности денеска извршија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Државното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски.
Министерот Мисајловски информираше дека согласно планираната динамика се одвиваат и градежните активности на автопатот од Миладиновци до Штип каде веќе се асфалтирани 22 километри од вкупно планираните 47 километри. На овој автопат има седум клучки и неколку мостови и со него се очекува да се скрати времето на патување во овој регион.
Ново на Сител
-
Почина познатиот режисер Дејвид Линч на 78-годишна возраст
-
Нападнат затвореник во Идризово
-
Николоски: За десетина дена пуштивме во сообраќај 42 километри нови експресни патишта
-
Додека се снимал за ТикТок врз цистерна доживеал струен удар 17-годишник во Кисела Вода
-
Во Скопје две лица се повредиле на работа и се пренесени на клиничкиот центар
-
Најмалку две лица убиени во училиште во Словачка
-
Политико: Десничарските популисти на списокот гости за инаугурацијата на Трамп
-
Началникот на Генералштабот на Армијата Лафчиски на Конференција на Воениот комитет на НАТО