Македонија
27. November 2016 - 18:02

Изградба на три подземни сообраќајници во Скопје најави Попоски

Носителот на листата во првата изборна единица на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски денеска во Скопје најави дека во следната програма планирани се три подземни сообраќајници за главниот град.

- Едната од трите подземни сообраќајници кои се планирани во следната програма ќе се протега од Народна банка на РМ до Владата на Република Македонија. Предвидена е на две нивоа раскрсница кај Судската палата и Мавровка, а подземна сообраќајница е планирана и на потегот на Јужниот булевар, рече Попоски.

Тој  денеска имаше средби и  со младите во општина Центар, со кои разговараше за политиките и проектите за млади, со фокус на промоција на делот на вработување на 100-те најдобри студенти, субвенции за самовработување, субвенции за вработување млади, реформи во образование и низа други проекти за младите од програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ.