Македонија
10. July 2017 - 8:47

Изградба на пречистителна станица во Кочани

Во Кочани денеска ќе биде поставен камен-темелник за изградба на пречистителна станица за отпадни води.

Финансиските средства за пречистителната станица се обезбедени од Секретаријатот за економски прашања на Швајцарија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, општината Кочани и јавното комунално претпријатие „Водовод“.

На настанот најавено е присуство на министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку, швајцарскиот амбасадор Сибил Зутер Техада и градоначалникот на Кочани, Раткон Димитровски.