Изградба на нова атмосферска канализација на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел
Општина Бутел и Град Скопје од денеска ќе почнат со изградба на атмосферска канализација на улицата „Александар Урдаревски“, на потегот од кружниот тек до улицата „Бутелска“.
Како што информира општина Бутел, работите ќе се одвиваат во две фази. Првата фаза ќе ја опфати делницата од кружниот тек до семафорите, а работите ќе траат еден месец.
Општината ги информира граѓаните дека ќе биде променет режимот на сообраќај. Во наредните 30 дена тој ќе се одвива по улицата „Хо Ши Мин“, преку улицата „Цетинска“ или пак преку новата делница на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ и улицата „Натанаил Кучевишки“.
За граѓаните што гравитираат кон Градските гробишта и општината Чучер Сандево, сообраќајот ќе се одвива преку улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек и обратно.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори
-
Приведен лихвар од Битола
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата