Изградба на браната Пишица во Општина Пробиштип
Во Општина Пробиштип интензивно се гради акумулацијата кај селото Пишица, која пред три години поради хаваријата поплави земјоделски површини и куќи по течението на реката Брегалница.
Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски рече дека изградбата на браната Пишица е голем благодет за жителите од пробиштипскиот регион, но и за селата од соседните две општини, кои во текот на летото ги наводнуваат своите ниви.
-Изведувачите работат со полн интензитет, моите информации се дека во моментов најголемите градежни активности се одвиваат на изградба на преливникот на браната, како и на телото на браната. Се надевам дека ќе ги искористат поволните временски услови да сработат што е можно повеќе работи, за да во наредната година, останат помалку работи и што е можно побрзо да биде завршен целиот овој проект, бидејќи навистина Пишичка брана е од големо значење не само за селото Пишица, туку и за целиот регион, истакна Тоневски.
Браната Пишица се гради со пари од десет годишната Програма за изградба на акумулации и санација на системите за наводнување на министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. Оваа инвестиција чини околу еден милион евра, а браната Пишица ја гради градежната компанија Трнасмет.
Акумулацијата согласно проектот ќе биде бетонска и се очекува во рок од една година да биде изградена.
Ново на Сител
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-
ЕК ги отфрли обвинувањата на Марк Цукерберг за цензура на социјалните мрежи
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени
-
Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината
-
И покрај снегот некои градови се уште се загадени
-
Бразилки, Колумбијки и Венецуелки од 22 до 34 години уапсени во Гостивар
-
Се отвораат училиштата во Лос Анџелес и покрај пожарите кои сè уште беснеат