Изгорени една четвртина од домовите, голема штета од пожарите во светиниколско
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев вечерва на социјалните мрежи информираше дека пожарите направиле голема штета на куќите и имотите во неколку села.
- Во текот на денот беснееја повеќе пожари во атарот на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места. Пожарите направија голема штета по имотот на луѓето од тие места. Во гаснењето учестваа пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, ДПД Свети Николе, пожарникари од Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари за кој им се од срце заблагодарувам, вели Владев.
Посочува дека борбата со пожарите ќе продолжи и во текот на ноќта.
- Еден апел до сите наши сограѓани...Ве замолувам да не коментирате без потреба и да не дозволиме непотребно да им ја потценуваме работата и маката на луѓето кои цел ден гинеа на терен, вели Владев.
МИА претходно информираше дека во селото Немањици, според првичните проценки, изгорени се и една четвртина од домовите. Опожарени куќи има и во селата Орел и Малино.
Од Министерството за внатрешни работи вечерва информираа дека нивните два хеликоптера исфрлиле над 50 тони вода на пожарите во Малино и Немањици.
- Хеликоптерот Бел 412 исфрли 10 тони вода врз пожарот во с.Малино, а потоа продолжи да дејствува врз пожарот кај с.Немањица. Хеликоптерот Ми 171 исфрли над 40 тони вода во 18 налети врз пожарот во с. Немањиц, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар
-
Кампања за заштита на шумите од пожар
-
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО во Брисел ја потврди посветеноста на државата кон колективната безбедност
-
Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби
-
107 санкции за непрописно вградени фолии и користење на т.н. флешери
-
ЕСМ и натаму ќе снабдува по иста цена
-
Клековски: Формирана е работна група за следење на напредокот при лекувањето на пациентите од Кочани
-
Саити: Црвен крст досега исплати 107 милиони денари за повредените во Кочани, остануваат 49 милиони што ќе се исплатат наскоро