Македонија
30. July 2020 - 17:04

Изгореле 3 возила во Виница

На 29.07.2020 во 15.40 часот во СВР Штип било пријавено дека во кругот на фирма во Виница во 15.30 часот настанал пожар на паркирано патничко возило „рено лагуна“, од кој делумно биле зафатени уште две патнички возила „форд фокус“ и „опел мерива“.

Пожарот бил изгаснат од Територјалната противпожарна единица Виница. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Виница.