Бизнис
27. јуни 2022 - 21:11

Изгласани измените на Законот за „недела неработен ден“ - занаетчиите повторно изземени

Продавниците, киосците и  штандовите во туристичките места ќе можат да работат во недела и на државен празник. 

Собранието го изгласа Законот за трговија, каде освен трговците на големо и мало, во недела ќе работат и цвеќарниците. 

Сепак, со овој закон не се опфатени занаетчиите, за кои пак треба да се изгласа Законот за работни односи. Вака, усвоен е само половичен законот, а дејностите кои ќе бидат привлечни за туристите, ќе останат  затворени.

„Занаетчиската Комора го предложи предлог законот за работни односи, каде точно е прецизирано дека самостојните вршители на дејност, ќе можат да работат во недела и ќе се решеше онаа болка за која 6 месеци алармираме. Дека во време на криза, потребно е занаетчиите да работат во недела. Денеска Собранието ги усвои само измените и дополнувања на Законот за трговија, со кој се предвидува трговците поединци и ДОО и ДООЕЛ да можат да работат во недела“, изјави Анета Андоновска, претседател на Комора на занаетчии.

Скроеното законско решение е контрадикторно и нелогично, коментираат познавачите од туристичкиот сектор. 

Прашуваат - Што се подрзабира под туристичко место? Дали само Охрид, Струга и Дојран се туристички места, како што пишува во законот. И зошто не е Скопје, кој е втор град по посетеност, или Маврово или Битола, односно секој град кој има некоја знаменитост. Бараат да се допрезицира законот, во консултации со Коморите и бизнис фелата. 

Инаку, со предложеното решение се очекуваше и значително намалчување на сивата економија, бидејќи во моментов, голем дел од занаетчиите свесно го кршат законот.

-Поголем дел од занаетчиите, како фризерските и козметички  салони, шминкери и слично свесно го кршат законот, затоа што работат во недела, кога има прослави, веселби и слично, додава Атанасовска.

Почетокот на годината Владата ги донесе законите за трговија и работни односи, каде недела за 90% од дејностите стана неработен ден. 

За работниците пак, кои работат во недела, пропишана е двојна дневница. По барање на Коморите, се поднесоа измени, кои до сега само делумно се прифатени.