Loading Video...
Ракомет
7. May 2022 - 18:12

Изгласан новиот систем натпревари во ракометните лиги

РФМ денеска го одржа редовното годишно собрание, од кое како позмначајна ја издвојуваме промената на системот на натпреварување во двете конкуренции
 
Од наредната сезона ракометните слиги во двете конкуренции, машка и женска, ќе бидат проширени. 
 
Собранието на РФМ го прифати предлогот машката Супер лига догодина да брои вкупно 16 екипи, кои ќе бидат поделени во две групи, во кои ќе се игра двокружно дома и гости. 
 
По одигрувањето на регулоарниот дел, четирите прворангирани екипи од од двете групи ќе ја формираат Плеј-оф конкуренцијата, односно тимовите кои ќе се борат за титулата, додека останатите осум ќе играат во плеј-аут група, за опстанок. 
 
Истото се однесува и на женсклата конкуренција кој годинава броеше 15 екипи, но има најава за формирање на нови екипи кои би се вклучиле во натпреварувањето. 
 
Претседателот Мукаетов во своето излагање до делегатите истакна дека не е задоволен од освоеното 22.место на ЕП и дека смета дека можевме многу подобро. Но, ангажманот на Кирил Лазаров на селекторската позиција придонел за нова енергија која резултирала со нов настап на Мундијалот. 
 
Мукаетов очекува многу и од женската селекција која кон крајот на годината ќе биде ко-домаќин на Европското првенство.