Македонија
6. September 2023 - 11:27

Изгаснати пожарите во поширокиот кумановски регион

Пожарот кај месноста Врело во липковско Ваксинце е изгаснат, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот, како што информираат од регионалниот центар за управување со кризи избувна пред 19 часот, а кумановските пожарникари го гасеа речиси до 23 часот. Пожарот зафатил сува трева и стрништа во близина на резервоарите на „Макпетрол“.

Вчера, беше изгаснат и пожарот во Бељковце кој дојде од блиското село Руѓинце. Во пожарот беше зафатена поголема површина од 150 хектари нискостеблеста шума и сива трева. Екипи на четири противпожарни единици го гаснеа и имаа поддршка од хеликоптерот на МВР кој исфрли над 20 тони вода. Во пожарот изгоре помошен објект и напуштена куќа.