-->
-->
Изгаснат пожарот во село Бардовци, нема повредени
-->
На улица „2“ број 44 во село Бардовци утрово гореше кровна конструкција од куќа. Пожарот е изгаснат од страна на екипи од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, кои со пет возила односно 15 пожарникари го локализираат пожарот.
Командантот Благоја Менковски од Територијалната противпожарна единица на Градот Скопје за МИА изјави дека нема повредени лица, опожарено е поткровје, кат или вкупно 100 метри квадратни вкупна површина, а зафатен е покривот и од соседната куќа или 20 метри квадратни и котелот за парно греење.
Од МВР информираат дека од страна на Територијалната противпожарна единица е пријавено во 11 часот дека на улица „2“ во село Бардовци дека гори кровна конструкција од куќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барањето за разрешување на Коцевски се уште не е стигнато во Советот на јавни обвинители
-
УЈП со нова услуга - Уверение за остварен доход ќе се вади електронски
-
Градот Штип, нов мост за соработка помеѓу Македонија и Велика Британија
-
30 лица чекаат трансплантација на орган
-
Преглед на вестите од светот
-
Осуденици добивале привремено ослободување: Истражните органи со детали за денешната акција
-
Тема на денот со Јован Јоновски, хералдичар
-
Критики од европските претставници за гласањето во ООН