Свет
1. January 2016 - 14:07

Изгаснат пожарот во хотелот во Дубаи

Изгаснат е пожарот, кој на новогодишната ноќ го зафати хотелот „Адрес“ во центарот на Дубаи, изјави припадник на безбедносните служби. 

Пожарот доведе до евакуација на сите гости и вработени, како и на неколку облакодери во околината на 63-катниот хотел.

Шестнаесет лица се повредени, најголемиот дел во турканици додека се обидувале да избегаат. 

Огнот почнат на 20-от кат на луксузниот хотел, пред да се прошири кон погорните катови од надворешната страна на зградата, што беше помогнато и од силните ветрови. 

Причините за пожарот се уште не се познати.