-->
-->
Изгаснат е пожарот во кој целосно изгоре погон за производство на мебел
-->

По скоро четири часа изгаснат е пожарот во кој целосно изгоре погон за производство на мебел, лоциран на излезот од Струмица на стариот пат кон Радовиш, пред местото Ракиџиски мост.
Пожарот избувна утрово околу 9:30 часот и со голема брзина се прошири. Причинета е голема материјалната штета, но нема повредени. Со многу пожртвуваност не е дозволено пожарот да се прошири на паркингот на превозникот „Струмица Експрес“, каде имаше паркирано повеќе автобуси и кон другите објекти во близина на погонот кој целосно изгоре. Од пожарот се зафатени и други помали објекти, но целосната штета ќе биде познато по целосното гаснење на пожарот.
За времетрањето на пожарот беше исклучена електричната енергија и според последните информации почнато е со повторно напојување на објектите кои се наоѓаат во близина на пожарот.
Според командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев пожарот бил голем и во еден момент зафатил и поголема количина со складирано моторно масло, кое исто така целосно изгоре и при тоа се слушнаа силни експлозии.
Во гаснењето на пожарот учествуваа пет возила на ТППЕ Струмица и дваесет пожарникари, како и по едно возило од противпожарните единици во Радовиш и Ново Село, како и цистерна од ЈПКД „Комуналец“.
Причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат