Издадените 186 одобренија за градба најмногу во југозападниот регион
Во мај годинава се издадени 186 одобренија за градење. Според издадените одобренија најмногу ќе се гради во југозападниот регион, Полошкиот, Скопскиот и Југоисточниот.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика издадени се 34 одобренија за градење во Југозападниот регион и по 28 во Полошкиот, Скопскиот и Југоисточниот.
Предвидената вредност на објектите според издадените одобренија за градење изнесува 4.397.718.000 денари што е за 24,8 отсто помалку во однос на мај претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 128 се наменети за објекти од високоградба, а 23 за објекти од нискоградба и 35 за објекти за реконструкција.
Од вкупно 186 објекти, на 137 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 49 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 332 станови со вкупна корисна површина од 28.748 метри квадратни.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?