Издадени повеќе одобренија за градба, ќе се градат станови, најмногу во Аеродром
Двеста и десет одобренија за градба се издадени во август годинава, од кои најголемиот дел или 136 одобренија се за високо градба, објави Државниот завод за статистиката, констатирајќи зголемување на бројот на издадени одобренија за 9,4 отсто.
Објавените податоци покажуваат дека во скопскот регион се издадените 49 одобренија предвидена е изградба на 147 станови, од кои, пак, 125 се во општината Аеродром. Ќе се гради и во југозападниот регион, каде се издадени 45 дозволи за градба, во Полошкиот 33, Вардарскиот 24, Југоисточниот 22, Пелагонискиот 20, Источниот 13 и најмалку во Североисточниот четири.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека предвидената вредност на сите објекти за кои е издадена дозвола за градба изнесува 2.326.990 илјади денари, што е за 53,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупно 210 објекти, на 145 или 69,1 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 или 30,9 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 278 станови, со вкупна корисна површина од 24 728 кавдратни метри.
Ново на Сител
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција