Изборниот штаб на Трамп соопшти дека е хакиран и го обвини Иран
Изборниот штаб на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска објави дека дел од неговите внатрешни комуникации биле хакирани и за кибер нападот го обвини Иран.
Тимот на Трамп не обезбеди директни докази за нивните тврдења, но потсети на непријателството меѓу поранешниот американски претседател и Техеран во минатото.
Изборниот штаб на Трамп го издаде соопштението откако информативната веб-страница Политико објави дека почнала да прима мејлови со внатрешни документи за кампањата од анонимна сметка.
„Овие документи се незаконски добиени од странски извори непријателски настроени кон САД, со намера да се мешаат во изборите во 2024 година и да направат хаос во нашиот демократски процес“, се вели во текстот.
Тимот на Трамп вчера цитираше соопштение од претставници на Мајкрософт дека хакери поврзани со иранските власти се обиделе во јуни да упаднат во профилот на висок претставник на предизборниот штаб на САД. Американскиот софтверски гигант не го откри идентитетот на човекот.
„Иранците знаат дека претседателот Трамп ќе стави крај на нивното владеење на терор исто како што тоа го правеше во првите четири години во Белата куќа“, соопштија од тимот на републиканецот.
Ново на Сител
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока