Македонија
18. September 2019 - 13:22

Изборите во Шпанија ќе го усложнат официјалното членство на Македонија во НАТО

Официјалниот прием на Македонија во НАТО на јубилејниот Самит во Лондон е недостижен

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави нови избори, поради неможноста да формира влада, со што земјата ќе оди на четврти парламентарни избори за четири години. 

,,Не е возможно да се комплетира мандатот што ни го дадоа Шпанците на 28. Април. Нема мнозинство во Парламентот кое гарантира формирање влада, што не води кон повторување на изборите на 10. Ноември‘‘, изјави Санчез во Парламентот.

Тоа што изгледаше возможна мисија преку рекордно брза ратификација на протоколот за членство во Алијансата сепак, ќе се одложи за првата половина на следната година.

Валентин Николоски