Избори во Исланд: Владејачката коалиција е на пат да го задржи мнозинството
Тричлената коалиција на левицата и десницата на власт во Исланд е на пат да го зачува мнозинството по парламентарните избори, покажуваат првичните резултати објавени синоќа, пренесува АП.
Меѓутоа, левото еколошко движење на премиерката Кетрин Јакобсдотир ја губи поддршката во однос на своите двајца десничарски сојузници.
Според резултатите од вчерашните парламентарни избори, кои пристигнале до 3.00 часот наутро, со преброени повеќе од две третини од гласовите, владејачката коалиција освоила 38 од 63 места во парламентот, иако не е сигурно дека трите партии ќе продолжат да владеат заедно.
Голем победник на вечерта е Партијата на напредокот (десен центар), која се чини дека од движењето Левица-Зелени на премиерката Јакобсдотир ќе го одземе местото на втората по големина партија во Исланд по конзервативната Партија за независност на поранешниот премиер Бјарни Бенедиктсон.
Според проекциите, Партијата за независност ќе добие 23,3 проценти од гласовите и стабилни 16 од 63 места во Парламентот, додека напредниците, предводени од Сигурдур Инги Јохансон, ќе освојат 13 места со 16,5 проценти од гласовите, пет места повеќе од претходните избори во 2017 година.
Движењето Левица-Зелени ќе освои 14,7 проценти од гласовите и девет места во парламентот, две пред помалку од пред четири години.
Иако иднината на владејачката коалиција е неизвесна, лидерите на трите партии најавија преговори доколку успеат да го зачуваат мнозинството со кое би можеле да продолжат да владеат.
Ново на Сител
-
Европскиот фронт најави тужби до Управниот суд и кривични пријави за членовите на ДИК
-
Без средба, само консултации за идното владино коалицирање
-
Следната недела СДСМ ја почнува постапката за избор на ново раководство
-
МЗ како портпарол на Токсикологија со обвинувања за Нико Беќаровски - професорот негира и најави тужба
-
Македонија 2025: Дијаспората сака да помогне, власта нема слух
-
Жителите на прилепско Ореовец денеска се собраа на нов протест
-
Полагање матура во холови и спортски сали, наместо во училници
-
Преглед на вестите од светот