Избор на претседател на Универзитетското студентско собрание на УКЛО
Во согласност со Законот за високо образование и Статутот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола (УКЛО), денеска ќе се одржи Изборно собрание за претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание на УКЛО во Битола.
– Претседателот на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание, со тајно гласање, со мандат од една година, со право на уште еден избор. Студентско собрание е тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите на универзитетско ниво, соопштија од УКЛО.
Универзитетското студентско собрание, како што соопштија од Универзитетот, ги штити интересите на студентите, учествува преку свои претставници во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамки на високото образование како членови на академската заедница.
– Универзитетското студентско собрание има надлежно студентски претставници во Сенатот и другите органи и тела на универзитетот, каде што студентите заедно со професорите и другите членови на академската заедница заедно и рамноправно носат одлуки. Универзитетското собрание го предлага и студентскиот правобранител пред универзитетскиот сенат, а се грижи и за квалитетот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварување на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надоградба, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка