-->
-->
Избодени осум лица во Шведска, напаѓачот застрелан од полицијата
-->
Шведската полиција врши истрага за нападот со нож кој попладнево се случи во градот Вентланд, во јужниот дел од земјата, при што биле избодени најмалку осум лица.
Полицијата наведува дека е можно да станува збор за терористички напад. Засега не е потврден ниту еден смртен случај, а едно лице се наоѓа во притвор.
Полицијата соопшти дека момче на околу 20-годишна возраст почнало да ги напаѓа со нож луѓето околу себе околу 15 часот, по што безбедносните сили отвориле оган и го раниле во нога. Напаѓачот е пренесен в болница. Некои од жртвите се полесно, а некои се потешко повредени.
Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата засега го третира како терористички. Моментално ситуацијата е под контрола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024
-
Годишнина од масакрот во училиште во Белград
-
Парламентарни избори 2024
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот