Македонија
29. April 2021 - 16:58

Избоден малолетник донесен во Градската болница откако бил нападнат од три лица

На 28.04.2021 во 22.40 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник со убодна рана од остар предмет.

Според неговиот исказ, околу 20.30 часот на ул.„Македонско-Косовска бригада“ бил физички нападнат од три лица кои со остар предмет му нанеле убодна рана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.