-->
-->
Ивановски со најдобар резултат на 1.500 метри во сала
-->
Дарио Ивановски кој беше единствениот македонски атлетичар на СП во Бирмингем во сала денеска во квалификациите на 1.500 метри постави свој најдобар резултат на оваа делница и го освои 17.место во вкупен пласман во конкуренција на 22 атлетичари, а двајца од пријавените не стартуваа.
Ивановски трчаше во првата група (од трите групи) и го освои 6.место со време 3:51.83 минути што е негово најдобро време, а на шампионатот во Бирмигем беше пријавен со време 3:52.59 минути.
Актуелен македонски рекордер во оваа дисциплина во сала е Ване Стојанов со време 3:51.13 минути во 1997 година.
Нашиот единствен претставник на ова СП за половина секунда не успеа да го собори македонскиот рекорд. Ивановски со ова ја потврди добрата форма откако на Балканијадата во Истанбул беше четвртопласиран на 3.000 метри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори