Тенис
18. March 2023 - 20:00

Ивановски остана без пласман во финалето во Поатје

 Калин Ивановски не успеа да стигне до финале на АТП-турнирот во француски Поатје, откако загуби во два сета од домашниот тенисер Саша Гемард Вајенбург.
Ивановски како да немаше свој ден и дозволи Французинот  Вајенбург да слави  со 6-2, 7-6 после долг тајбрејк кој го доби со 10-8  и на крајот се радуваше на пласманот во финалето кое остана само сон за македонскиот тенисер откако претходно играше четвртфинале во Кретиј и финале во Тунис. 
Останува да ја почекаме неговата нова турнирска титула во продолжението од сезоната.