Loading Video...
Спорт плус
18. January 2021 - 19:56

Ивановски го подобри за 5 секунди македонскиот рекорд на 1500 метри

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски имаше одличен настап на атлетското првенство на Србија во сала одржано во Белград и го поправи македонскиот државен рекорд за цели 5 секунди што му го донесе второто место и сребрениот медал.

Ивановски трчаше со време од 3м. 45 секунди и 46 стотинки  и за само 40 стотинки не успеа да оствари норма за ЕП во сала што ќе се одржи во март во Полска.

Според неговиот тренер Игор Јакимовски ова е време кое ветува остварување на потребните норми за настап на ЕП во Полска и ЛОИ во Токио.