Ивановска: Функционери си го пријавуваат имотот на име на туѓи лица за што им плаќаат
Недолжни граѓани го запишуваат имотот на функционери на нивно име за што добиваат противуслуга и кога ќе им заврши функцијата тие си го враќаат тој имот на свое име, изјави вчеравечер претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска.
Гостувајќи во емисијата „24 анализа“ на Телевизија 24, Ивановска истакна дека постои можност функционери да го пријавуваат имотот на друго лице, што не е на функција и дека се зборува за такви случаи, но дека Антикорупциската комисија нема ингеренции да ги разгледуваме имотите на граѓаните, туку само на избраните лица.
Таа информира и дека голем број од пријави на граѓаните до ДКСК се однесуваат на незадоволството од судските одлуки, по кои комисијата нема надлежност да постапува и ги препраќа до Судскиот совет.
– Од аспект на проверка на потеклото на имотот, ние не го испитуваме имотот на судиите, туку вршиме проверка на она што е пријавено во анкетниот лист, односно верификација на податоците, дали тоа што е пријавено се совпаѓа со тоа што е запишано во книгите, во катастарот. Наша надлежност е до тука. Доколку откриеме несразмерност во богатењето во однос на нивните месечни примања, тогаш тие предмети ги доставуваме до надлежни институции, рече Ивановска.
Ново на Сител
-
19 стебла канабис пронајдени во струмичко
-
Лавров: Одлуката на членките на НАТО за зголемување на издвојувањата за одбрана може да доведе до негово распаѓање
-
Малик Бизли уапсен под сомнение за местење на НБА натпревари
-
Македонска делегација на Меѓународната конференција за финансирање на развојот во Севиља
-
Медински: Историската судбина на Русија и Украина е една, тоа е еден народ
-
Трамп: Не планирам да ја продолжам паузата од 90 дена за воведување на царините
-
Шест пожари за еден ден во кумановско
-
Волстрит џурнал: Руските сили ја преминаа украинската граница и напредуваат кон Суми