Иванов: Во тек се консултации за правно решение за помилувањата
Во тек се консултации со правни експерти за изнаоѓање можно правно решение во врска со одлуката за помилување-ослободување од гонење без спроведување постапка, изјави денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
- Како што најавив во моето последно обраќање, а во врска со пристигнатите лични барања за повлекување на одлуката за помилување–ослободување од гонење без спроведување на постапка, во тек се консултации со правни експерти со цел изнаоѓање можно правно решение, наведува Иванов во писмената изјава.
Од досега извршените консултации со врвните правни експерти во државата, Иванов информира дека не е изнајден правен основ за повлекување на одлуката.
- Консултациите продолжуваат во насока на изнаоѓање решение. Ги повикувам и лидерите на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино, и тие да се вклучат во овој процес и да понудат правно решение што ќе биде во согласност со Уставот и законите на Република Македонија, вели претседателот Иванов.
Како и досега, така и во иднина, посочува претседателот, ќе постапувам единствено и исклучиво, според Уставот и законите на Република Македонија.
- Во врска со протестите изјавувам дека никому не му е ускратено правото да искаже незадоволство или протест за која било одлука на која било државна институција. Но, во остварувањето на тоа право повикувам да не се нарушува јавниот ред и мир и да не се уништува приватниот и државниот имот, нагласува Иванов.
Република Македонија, како што вели, се соочувала со предизвици и кризи, но секогаш изнаоѓала решенија преку дијалог во институциите водејќи се пред сѐ од интересот на граѓаните и државниот интерес.
Ново на Сител
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот