Иванов во посета на најкритичните точки во Скопско
Превртени, заглавени и оштетени возила, целосно уништен род, наноси земја и свлечишта по патиштата, е сликата во најкритичните точки близу скопската обиколница кои беа најпогодени од синоќешното невреме.
Увид во состојбите попладнево направи претседателот на државата и врховен командант Ѓорѓе Иванов, придружуван од скопскиот градоначалник Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и претставници на АРМ и полицијата.
Тие го информираа дека најевидентни се штетите во Стајковци и Црешово, каде е во прекин и дел од обиколницата.
Претседстелот Иванов изрази сочувство и жалење за жрвите од невремето, како и за повредените. Тој информира дека на терен се 400 припадници на АРМ и 300 полицајци кои поделени по региони му помагаат на локалното население. Иванов апелира граѓаните да помогнат и на веќе отворени пунктови да донираат вода, храна...
- Досега ваква непогода не се случила. Штетите се огромнини, но тие ќе се надоместат, а изгубените животи не може да се вратат. На најпогодените места каде моментно се наоѓаме, уништени се многу домови, како и инфраструктура, изјави Иванов.
Според претседателот, кризниот менаџмент е активиран, надлежните се на терен, а Владата заседава.
Иванов ја посети и населбата Сингелиќ по што продолжи во останатите најкритични точки од овој регион.
Ново на Сител
-
Блинкен во Брисел во момент кога победата на Трамп го активира алармот за Украина
-
Почина бизнисменот Миодраг Костиќ
-
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-
Утрово најстудено во Маврови Анови и Попова Шапка
-
Маск доби позиција во администрацијата на Трамп
-
Скопје одбележува 80 години од ослободувањето
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Без вода од Владата до фонтаната во Градски парк и Градскиот стадион