Иванов се потпиша во книгата на жалост отворена за првиот словачки претседател, Михал Ковач
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска се потпиша во книгата на жалост, отворена во Амбасадата на Словачката Република, по повод смртта на првиот словачки претседател Михал Ковач.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, изразил жалење за смртта на претседателот Ковач и го истакнал неговиот придонес за демократизацијата на Словачката Република и нејзините европски и евроатлантски интеграции.
- Благодарение на неговите заложби, Словачката Република денес е значајна и почитувана земја-членка на Европската Унија и НАТО. Токму во негово време, Република Македонија и Словачката Република воспоставија дипломатски односи, кои се надоврзуваат на длабоките корени на македонско-словачкото пријателство, напишал претседателот Иванов во книгата на жалост.
Михал Ковач беше првиот демократски избран претседател на независната Словачка Република, кој својот мандат го извршуваше од 1993 - 1998 година и воедно беше еден од основачите на Движењето за демократска Словачка.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ