Иванов се потпиша во книгата на жалост отворена за првиот словачки претседател, Михал Ковач
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, денеска се потпиша во книгата на жалост, отворена во Амбасадата на Словачката Република, по повод смртта на првиот словачки претседател Михал Ковач.
Претседателот Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, изразил жалење за смртта на претседателот Ковач и го истакнал неговиот придонес за демократизацијата на Словачката Република и нејзините европски и евроатлантски интеграции.
- Благодарение на неговите заложби, Словачката Република денес е значајна и почитувана земја-членка на Европската Унија и НАТО. Токму во негово време, Република Македонија и Словачката Република воспоставија дипломатски односи, кои се надоврзуваат на длабоките корени на македонско-словачкото пријателство, напишал претседателот Иванов во книгата на жалост.
Михал Ковач беше првиот демократски избран претседател на независната Словачка Република, кој својот мандат го извршуваше од 1993 - 1998 година и воедно беше еден од основачите на Движењето за демократска Словачка.
Ново на Сител
-
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја носи Македонија во финансиско заложништво
-
Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ
-
ДЗС потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“, се очекува нивно вклучување во гаснењето на пожарот во Неготинско
-
Таравари: Останав конзистентен, влегов во политика за да донесеме промени во албанскиот блок и тоа се случи
-
„Влен“ ќе има седум заменици-министри, Ељфете Исмаили во одбрана, а Фљакрон Беџети во земјоделство
-
МВР: Претреси во Тетово, пронајдена е дрога и приведени се две лица
-
Мицкоски: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија, соработка и создавање на иднина
-
Грција нема да испрати во Украина Ф-16 или противракетни системи