Иванов на Самит на ПСЈИЕ во Дубровник
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Хрватска по повод учеството на Самитот на шефови на држави и влади на земјите - учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува во Дубровник.
Како што соопшти неговиот кабинет, денеска претседателот Иванов ќе има обраќање на пленарна сесија на Самитот на земјите - учеснички во ПСЈИЕ и ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.
Иванов утре ќе учествува и ќе се обрати на „Дубровник форум 2017“, што се одржува на тема „Јадранско-медитеранска соработка и безбедноста на Југоисточна Европа“.
На Самитот на шефови на држави и влади на ПСЈИЕ, чиј домаќин е Република Хрватска, најавено е учеството на претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, и претседателот на Владата на Република Бугарија, Бојко Борисов.
Процесот за соработка во Југоисточна Европа (South East Europe Cooperation Process - SEECP) е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности.
Целта на оваа регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.
Полноправни земји - учеснички во ПСЈИЕ се: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Република Грција, Република Македонија, Романија, Република Србија, Република Турција, Република Хрватска, Молдавија, Црна Гора, Република Словенија и Република Косово. Република Македонија се третира како земја основач.
Претседавањето со оваа регионална иницијатива е ротирачко помеѓу сите земји членки со времетраење од една година. Изминатава година со ПСЈИЕ претседаваше Република Хрватска, а следното претседавање кое започнува од јули 2017 година го презема Република Словенија.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата