Иванов на инаугурација на претседателот на Република Србија
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вечерва во Белград присуствуваше на свечениот прием по повод инаугурацијата на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, соопшти Кабинетот на претседателот на Република Македонија.
На свечената церемонија што се одржа во „Палата Србија“, присуствуваа претседателите на Република Словенија, Република Хрватска, Црна Гора, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, како и премиери, министри и претставници на дипломатскиот кор од регионот, Европа и светот.
На инаугурацијата на новиот српски претседател, на која беа поканети околу пет илјади гости, присуствуваа и еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, заменик-помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји, премиерите на Унгарија и Република Австрија, заменик-
Претседателот Иванов утре ќе оствари билатерална средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски