-->
-->
Иванов го помилува и Бранко Црвенковски
-->
Во Службениот весник официјално се објавени имињата на политичарите кои со вчерашната одлука ги помилува претседателот на државата, Ѓорге Иванов.
Објавени се 40 одлуки за помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка за 55 лица и една одлука за помилување на осудено лице.
Иванов го помилува и Бранко Црвенковски, поранешниот лидер на СДСМ и претседател на државата кој е осомничен за случајот „Надеж“.
Иванов во вторникот донесе општ акт со кој ги запре сите кривични постапки што се водат против политичарите од власта и опозицијата.
„ Ако некого сум пропуштил и тоа го оценам во наредниот период, ќе го исправам пропустот. Доколку проценам дека некој сака со слични чекори, повторно да нѐ заплетка во вакво сценарио, не ја исклучувам можноста повторно да реагирам на идентичен начин“, рече Иванов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благица Петрески, Фајнанс Тинк
-
„Марш за ангелите“ во Кочани