Иванов ги заврши консултациите со Беса и Алијансата за Албанците
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска имаше одвоени средби со раководствата на Беса и на Алијансата за Албанците, како дел од консултациите со политичките партии за актуелната политичката состојба во Македонија и формирањето нова влада.
Лидерите на Беса и на Алијансата за Албанците, Билал Касами и Зијадин Села, по разговорите со Иванов не дадоа изјави за медиумите. Во претседателската вила „Водно“ попладнево шефот на државата треба да има средби и со лидерите на ДУИ Али Ахмети, на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.
Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов, а следуваат по негобвите средби со претседателот на Уставниот суд Никола Ивановски и со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Иванов на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите