Иванов: Ако не се држиме заедно - ќе висиме одделно
Ако не се држиме заедно - ќе висиме одделно, порача македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Брисел, пред почетокот на мини Самитот на десет земји-членки на Европската унија со Македонија, Србија и Албанија, а посветен на бегалската криза.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Иванов се пожали на слабата соработка на Грција со Македонија околу мигрантите и дека тоа е клучното барање од македонска страна на овој состанок на највисоко ниво.
- Ова е момент кога треба да се покаже колку соседите меѓу себе се солидарни заедно да одговорат на предизвиците. Ние очекуваме дека Грција ќе соработува во поглед на оваа европска криза и дека ќе ги разменува податоците што се неопходни за да знаеме како да се справуваме, бидејќи имаме денови кога и до десет илјади бегалци ни доаѓаат на територија на Република Македонија. Комуникацијата со Грција ни е на многу ниско ниво. Немаме соработка меѓу министерства, ниту пак на владите, рече Иванов пред почетокот на мини Самитот.
Запрашан што очекува од состанокот на Македонија со ЕУ за ова прашање, македонскиот претседател посочи дека ова е предизвик со кој не се соочува само ЕУ, туку и целиот европски континент и во таа пригода го цитираше основачот на Соединетите Американски Држави:
- Сега е момент да се покаже колку можеме ние да се соочиме со овој предизвик, бидејќи ова не е предизвик за ЕУ, туку ова е предизвик за целиот европски континент. Има една поучна мисла на Бенџамин Френклин и таа гласи: „Ако не се држиме заедно - ќе висиме одделно!”, порача претседателот Иванов.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова ги прифати оставките на Комисијата за помилување
-
Бајден се надева дека последните израелски напади врз Иран ќе бидат „крај“ на директната размена на оган меѓу двете земји
-
Колективна оставка на Комисијата за помилување
-
Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините
-
Момче пријавило напад и повреда со остар предмет во Карпош, приведен малолетник
-
Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица
-
Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети
-
Приведен криумчар на мигранти во близина на селото Богородица