Иван Огњановски, кој има трансплантирано срце: Повторно ќе го живеам животот со полни гради
Педесет и четиригодишниот Иван Огњановски на кого на 23 мај на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија му беше трансплантирано срце денеска беше на контролен преглед во таа јавна здравствена установа.
– Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е во добра здравствена состојба и е првиот пациент во земјава на кого му беше трансплантирано срце. Вели дека мора да продолжи да го живее животот, бидејќи животот е еден, напиша на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Огњановски изјави дека одлично се чувствува.
– Комплетно сум задоволен од целиот лекарски тим на Клиниката. Тие сега се и мои другари. Постојано се слушаме на телефон и ме прашуваат како сум. Еднаш неделно одам на контрола и примам терапија. Им се заблагодарувам од срце за сѐ што сторија за мене, особено и на моето семејство кое ми беше најголемата поддршка да го издржам целиот овој период. Повторно ќе го живеам животот со полни гради, затоа што животот е еден!, истакна Огњановски.
Ново на Сител
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
-
Преглед на вестите од светот
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот