-->
-->
Иван Џолев, претседателот на Кривичен суд избран за судија во Апелациониот суд Скопје
-->
Судскиот Совет денеска го избра Иван Џолев, претседател на Основен Кривичен суд Скопје, за судија на Апелациониот суд Скопје. Покрај Џолев, нови судии кои ќе постапуваат во кривичната област на скопската апелација се судијките Марија Клетничка Марковска и Оља Ристова од Кривичен суд и Бетим Јахја од Основниот суд Тетово.
На денешната 523-та седница, Судскиот совет избра и нов претседател на Врховен суд, судијата Африм Фидани.
Додека, судијата Хаџо Тариќ беше избран за претседател на Основен суд Крушево.
Во продолжение на седницата, Советот избира шест нови судии од граѓанска област во Апелациониот суд Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата