Свет
4. July 2017 - 18:27

Италијанско-австриски тензии околу мигрантите

Италијанска Влада денеска официјално протестираше и го повика австрискиот амбасадор во Рим за да му врачи протест, поради најавите на Виена дека ќе испрати војска на граничниот премин Бренер во областа Тирол, како заштита од „напливот на нови бегалци“.

Реакцијата на владата во Рим доаѓа по изјавата на австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил за виенскиот весник „Кронен Цајтунг“ дека Австрија ќе распореди војска во реонот на Бренер.

Министерот откри дека 750 австриски војници веќе се ставени во состојба на готовност, а дека четири околопни транспортери се исоратени во зоната на границата меѓу Австрија и Италија.

Преминот Бренер важи за фреквентно место на граничната линија меѓу двете земји, на патот од италијанскиот град Болцано кон австрискиот Инсбрук.

Италија смета дека решение за мигрантскиот наплив во Европа не се блокадите, восјката и подигнување огради од жица, инсистирајќи на посеопфтано и подолгорочно решение.

Владата во Рим неколкупати досега побара од ЕУ да помогне затоа што сотојбата во Италија со мигрантите од Африка и Блискиот Исток станува неодржлива.

Најголемиот дел од мигрантите ја користат Либија за префрлање во земјите на ЕУ, а прва на тој пат е Италија, која на некои делови е одлечена од африканкиот брег само 460 километри.

Австраија пак смета дека „медитерамската траса“ за префрлање на бегалци во Европа треба да се блокира онака како што тоа се направи со „балканската рута“ од Грција, преку Балканот кон Западот.

Италијаските политичари се гневни на своите европски колеги, посебно на оние во Средна Европа, кои, според Рим, се „прават дека не гледаат“ што се случува со бегалците и на какви проблеми е изложена Италија.