Свет
4. August 2016 - 20:32

Италијанските власти претпоставуваат дека ИД е вмешана во мигрантскиот бран од Либија

Италијанскиот министер за правда Андреа Орландо изјави дека истражните органи ја разгледуваат можноста за учество на групата Исламска држава (ИД) во организирање на мигрантскиот бран од Либија.

Орландо истакна дека улогата на исламските борци, кои контролираат реони во Либија, е „трага, која се следи во последните неколку недели“.

Според него, властите не откриле вистински докази, но постојат индиции, кои им го привлекуваат вниманието на обвинителите за борба против тероризам.

Истражителите сметаат дека парите, кои им се исплаќаат на криумчарите, се користат за финансирање на терористички активности.