Италијанскиот претседател го повика на разговор поранешниот шеф на ММФ
Италијанскиот претседател Серџо Матарела го повика на разговор денеска поранешниот висок претставник на Меѓународниот монетарен фонд Карло Котарели, соопшти неговиот Кабинет.
Таков потег навестува дека Матарела би можел од Котарели да побара да биде на чело на технократска влада, наведуваат западни медиуми.
Мнозинство политички партии во Италија претходно соопштија дека во Парламентот нема да поддржат технократска влада и дека ќе инсистираат на распишување предвремени парламентарни избори наесен доколку на чело не дојде коалициска влада.
Претходно синоќа мандатарот за состав на нова влада Џузепе Конте го врати мандатот на претседателот Матарела, откако шефот на државата одби да го прифати Паоло Савоно за министер за економија. Конте, му предаде листа на министри на Матарела во обид да стави крај на двомесечниот политички ќорсокак во кој се најде Италија по изборите.
Матарела синоќа рече дека не можел да поддржи формирање влада и оти набрзо ќе одлучи дали ќе има нови избори. Тој оцени дека членството во еврозоната е фундаментално за Италија и дека изборот на Савоне би значел излегување од неа.
Карло Котарели е поранешен комесар за надзор над јавните расходи во владата на Енрико Лета, а за време на владата на Матео Ренци стана извршен директор на Советот на Меѓународниот монетарен фонд. Од крајот на минатата година, Котарели (64) е директор на Одделот за следење на јавните финансии на Италија при Католичкиот универзитет во Милано.
Ново на Сител
-
Протестен марш на иницијативата ,, Кој е следен"
-
Тема на денот со Виктор Мизо, претседател на Совет на Странски Инвеститори
-
Берзите во зелено, Трамп се сомничи за инсајдерско тргување!
-
Никој на форумот во Делфи не ги оправда царините на Трамп – „Најпогодени ќе бидат Американците“
-
Градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, урнале ѕид на соседната
-
Судски совет ја преиспита одлуката на судијата Ферати
-
Здравствени работници во земјата ќе се едуцираат како да им помогнат во долготрајната рехабилитација на повредените од Кочани
-
Акција: 43 лица осомничени за измами со брзи кредити