Италијанскиот дипломат Филипо Гранди е новиот висок комесар на ОН за бегалци - УНХЦР
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, го именуваше италијанскиот дипломат Филипо Гранди за висок комесар на ОН за бегалци, кој ќе има задача да ја решава најголемата светска бегалска криза во историјата.
Гранди (58) ќе го замени Португалецот Антонио Гутереш, кој беше висок комесар за бегалци од 2005 година, се наведува во соопштението на ОН.
Италијанскиот дипломат, кој должноста ќе ја преземе на 1 јануари, бил шеф на палестинската Агенција за бегалци на ОН (УНРВА) од 2005 до 2010 година и служел во мисијата на ОН во Авганистан.
Гранди, исто така, работел за УНХЦР во Судан, Сирија, Турција и Ирак и ги водел хуманитарните операции во Јемен, ДР Конго и други земји, пренесоа француските медиуми.
Гутереш кон крајот на годината треба да ја напушти должноста, во текот на која ги предводеше акциите на ОН за помош на 60 милиони луѓе ширум светот, кои ги напуштиле своите домови бегајќи од војни и прогон.
УНХЦР наведува дека ова е најголемиот број на раселени лица, со оглед на фактот дека во текот на Втората светска војна раселени биле 50 милиони.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот