Италијански научник тврди дека пандемијата ќе заврши на пролет
Пандемијата со Ковид-19 ќе престане во периодот април – мај следната година, тврди италијанскиот научник од Универзитетот во Неапол, професор Франческо Санино.
Тој раководи со група научници и истражувачи, кои претходно, со помош на математички метод, прогнозираа дека вториот бран на пандемијата ќе биде помеѓу октомври и ноември.
– Нашите проценки се покажаа многу веродостојни, очекувавме Владата да ги земе предвид резултатите до кои дојдовме и и да преземе соодветни мерки на време, но за жал тоа не се случи, истакна професот Сонино.
Тој тврди дека сега сме на почетокот од вториот бран на пандемијата со Ковид-19 и оти ефикасноста на преземените мерки ќе дадат резултати за неколку недели.
Според проценките објавени во научното списание „Сајантифик рипорт“ во Италија би можело осум милиони луѓе да се заразат со новиот коронавирус.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот