Македонија
17. May 2021 - 18:14

Италијанец приведен на скопскиот аеродром, кај него пронајдени марихуана и хашиш

На 17.05.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија, во координација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при влез во Република Македонија, бил лишен од слобода италијанскиот државјанин К.Т.(39). При извршен преглед кај него пронајдени се и одземени марихуана и хашиш.
К.Т. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по чии насоки против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.