-->
-->
Италија во Скопје без Монтоливо и Пеле
-->
Без Рикардо Монтоливо и Грацијано Пеле, фудбалската репрезентација на Италија ќе допатува во Скопје, на квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2018 година против Македонија.
Имено, капитен на Милан, Рикардо Монтоливо, поради повреда на коленото која ја здоби на синоќешниот натпревар со Шпанија, нема да настапи против Македонија. На негово место, селекторот на „аѕурите“, Џампјеро Вентура, реши да го повика 22-годишниот фудбалер на Торино, Марко Бенаси.
Покрај Монтоливо, во Скопје нема да допатува и Грацијано Пеле, кој имаше караница со селекторот Вентура и е отстранет од националниот тим. Пеле веќе го напуштил таборот на „аѕурите“, но дали селекторот Вентура ќе повика нов играч на негово место останува да се види.
Вентура не даде никаков коментар за евентуално повикување на Марио Балотели, за средбата со Македонија која ќе се игра во недела на арената „филип Втори“ со почеток од 20 часот и 45 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Екс амбасадорот во Бугарија - Марјан Ѓорчев
-
Анализа: Како да нема превиди во помилувањето
-
Паднаа потписи: 4,1 милијарда денари од буџетот на владата за капитални проекти за општините
-
Мицкоски: Доблесно е да се даде оставка,кога ќе се констатира грешка да се преземе одговорност
-
СДСМ за оставките на Комисијата
-
Над 45 милиони евра издвоила државата за правосудството во 2022 година
-
Сдсм бара итна оставка на Христовски, Мицкоски очекува ДКСК да го истражи случајот
-
Бугарија гласа: Седми парламентарни избори за помалку од 4 години