Македонија
20. August 2019 - 16:40

ИТ секторот бара Пендаровски да биде амбасадор на оваа индустрија

Технолошки парк, создавање услови за задржување на младите во земјава, заживување на економската дипломатија и третирање на ИТ секторот како стратешка гранка се барањата на Комората МАСИТ од претседателот Пендаровски.

За ИТ индустријата важно е да се направи технолошки парк кој ќе биде мост меѓу компаниите, институциите и образовните установи.

Економската дипломатија, според претставниците на комората е мртва поради лошите кадровски политики.

Пендаровски на бизнисмените им порача секогаш кога ќе има драфт верзија на закон, а не е добар за нив, да алармираат за тој навремено да се измени. Вети дека штетните закони за нив нема да ги потпишува. Претседателот потенцира дека ИТ секторот мора да биде попривилегиран бидејќи тој има потенцијал да стане столб на македонската економија.

Сакам да направам стратешки документ, со работен наслов „Северна Македонија 20/30“. Тука ќе треба конкретни заклучоци, а не кабинетски анализи, кои понатаму никој нема да ги гледа. Во тие тимови, кои на крајот од летово ги оформуваме по различни сектори, би морало да има и луѓе од вашиот сектор. Во 2030 година Северна Макеоднија јас ја замислувам како дигитална држава пред се, информира Пендаровски.

Работниците во ИТ секторот се најплатени во државата и годишно во просек заработуваат речиси 60 илјади евра. Бизнисот подолг период се жали поради одливот на мозоци бидејќи кадарот кој излегува од домашните факултети е на исто рамниште со работниците од високоразвиените земји.