Истражување: Вкупно 63 отсто Грци сакаат заемно прифатливо решение за името
Мнозинството Грци посакуваат да се реши прашањето со името, покажува новото истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Алко“ за грчкото радио „24/7“.
За тоа дали сметаат дека во последните децении од прашањето за името земјата доби или загуби, седумдесет отсто од испитаниците сметаат дека Грција загуби, девет дека доби, 21 отсто ја одбрале опцијата не знам/не одговарам.
На прашањето дали е подобро за нивната земја да се стреми кон заемно прифатливо решение во прашањето на Скопје (пЈРМ) или подобро е да ги остави работите како што се денес, 63 отсто одговориле дека се за заемно прифатливо решение, 21 отсто сметаат дека треба да остане исто како што е денес, додека 16 отсто рекле дека не знаат или не сакаат да одговорат.
Костас Панагопулос, претседателот на агенцијата „Алко“ што го спроведе истражувањето, говорејќи за радиото, коментира дека во анкетата не биле вклучени конкретни имиња, бидејќи официјално не се соопштени и вели дека веројатно резултатите би претрпеле промени кога во истражувањето ќе влезат конкретни предлози.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста