Истражување: Вегетаријанците имаат помал ризик да развијат тешка форма на Ковид-19
Вегетаријанците имаат помал ризик од тешка форма на Ковид-19, се нагласува во студија спроведена во шест земји. За луѓето кои исклучиле месо од нивната исхрана, веројатноста да имаат тешка форма на Ковид-19 е намалена за 73 отсто, велат научниците.
Заклучокот е направен врз основа на добиените податоци од 2.844 медицински установи во кои се згрижени пациенти со новиот коронавирус.
Ризикот од тежок Ковид-19 е 59 отсто помал за луѓето кои не јадат месо освен риба.
Сепак, истражувачите не можат да докажат дека одреден вид диета создава заштита од тешки форми на Ковид-19, ниту дека ја намалува можноста за заболување.
Потрошувачката на здрава храна како овошје, зеленчук и житарки се намалила за време на пандемијата, според друго истражување за навиките на јадење во САД. Навиките на јадење на Американците биле следени пред и за време на новата пандемија на коронавируси. Според достапните податоци заклучно со јуни 2020 година, Американците ја зголемиле потрошувачката на нездрава храна, десерти и слатки пијалоци за време на пандемијата.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска