Истражување: Средоземното Море станува се потопло и посолено
Средоземното Море се загрева се побрзо и станува сè посолено, покажува студијата изработена од тим шпански научници.
Водата се загрева со брзина од околу два степена Целзиусови на 100 години во западниот Медитеран и на некои други места, наведува тимот на шпанскиот институт за поморски истражувања ICM-CSIC во студијата објавена во списанието Journal of Marine Science and Engineering. На некои места, како на пример во близина на L'Estartit во Коста Брава, загревањето е уште поголемо и изнесува три степени.
Нивните резултати се базираат на евалуација на долгорочни податоци од изминатите 30 години и мерења на сите длабочини на водата во Средозмното Море.
Соленоста на Медитеранот е поголема од онаа на Атлантикот бидејќи повеќе вода испарува отколку што се влева од реките и другите водни извори.
Други студии покажуваат дека зголемувањето на температурата на водата и соленоста го загрозуваат биодиверзитетот во Средоземното Море.
Во потоплите води на Медитеранот, сега има речиси 1.000 неавтохтони видови кои секоја година се шират на север и запад, потиснувајќи ги домашните видови, покажуваат истражувањата на Светскиот фонд за природата.
Ново на Сител
-
Монструозно двојно убиство и самоубиство во Прилеп
-
Нерешени имотно правни работи - најчеста причина за нарушени семејни односи во Македонија
-
СДСМ смета дека граѓаните не се безбедни
-
И по една недела пожарот во с. Николиќ се уште активен
-
Судот утре ќе решава по жалбата на ОЈО за притворот на напаѓачот на градоначалничката Арсовска
-
Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
-
Пожарот кај Николиќ не стивнува, опожарени над 1.000 хектари
-
Во Штип ќе се гради медицински факултет и студентски дом